Испечати

Паста во бел сос

Паста во бел сос

Состојки

  • 250гр. шпагети
  • Сос
  • 10 лажици цврст јогурт
  • 4 полни лажички мајонез
  • 1/2 мала лажичка кари
  • на врв на лажичка куркума
  • 1/2 лажичка копар
  • неколку капки табаско сос
  • Други состојки
  • 25гр. путер
  • 2 лажици пармезан
  • по потреба сол

Подготовка

Во солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.

Во подлабок сад ставете го јогуртот и мајонезот и убаво измешајте ги.
Додајте ги зачините( кари,куркума, копар) и неколку капки табаско сос.
Посолете и убаво измешајте.

Откако шпагетите ќе се сварат исцедете ги, додајте ги путерот и пармезанот и измешајте додека путерот се растопи, а потоа префрлете ги во садот со сосот.
Измешајте и послужете.

Кај мене сосовите за паста произлегуваат зависно од тоа што ќе се најде по дома, бар со тестенините и сосовите може да се комбинираат разни состојки.
Сега се одлучив за еден вака поосвежителен сос, со оглед на тоа дека почнаа горештините!
Се надевам ќе ви се допадне!