Тестенини на кинески начин - јакисоба
Состојки
- тестенини 250 грама
- 150 гр. пилешко филе
- 100 гр зелка
- 1 кромидче
- 1 лукче
- 100 гр печурки
- 2 лажици соја сос
- 1 лута пиперка
- 1 лажица сув зеленчук
Подготовка
Овој рецепт ги најдов на интернет како кинески тестенини се викаат јакисоба во превод пржени тестенини. Пробајте!
Тестенините ги вариме во подсолена вода, ги цедиме во цедалка.
Во тавче за пржење ставиме лук, кромид, ситно сечкана зелка и се' заедно пржимо.
Пилешкото месо и печурките сечеме на ленти и додаваме во тавчето. Ако сакате луто ставете лута пиперка.
Посолете, ставете сув зеленчук и пипер, додадете 2 лажици соја сос и се убаво промешајте. Сервирајте во чинија.
Добар апетит!!!