Испечати

Малинести пралини со шери

Малинести пралини со шери

Состојки

  • 50 гр слатка павлака
  • 100 гр пире од малинки
  • 150 гр бела чоколада
  • 1 лажица шери бренди ( ликер )
  • 150 гр темно чоколадо

Подготовка

Во тенџере на оган ја ставаме слатката павлака да проврие на тивко околу 2-3 минути. Тргаме на страна и ја додаваме претходно стопената бела чоколада. Го додаваме пирето од малини. Полеваме ликер. Мешаме и оставаме на страна да излади. Како се лаи така се стегнува филот за пралините. Го топиме темното чоколадо и ги прелеваме калапите. Оставаме да стврднат, па ги полниме со филот. Оставете нека се изладат и служете. На здравје.