Пастрмка на скара
Состојки
- 2кг пастрмка
- 100гр оцед
- 2 китки магдонос
- 2 главици лук
- 2 супени лажици зачин
- 250 мл масло
Подготовка
Рибата се чисти убаво и се остава заедно со оцетот да постои 10 минути. Магдоносот ситно се сецка, лукот се сецка и се меша со зачинот и маслото.
Рибата се премачкува со сосот од магдонос лук, зачин и масло и се остава 5 часа да стои. Потоа се пече на скара додека сама почне да се одлепува е тогаш е готова.