Пинџур со млеко
Состојки
- 6 големи пиперки
- 500 гр домати
- 100 гр млеко
- 50 гр вода
- 250 гр урда или сирење
- 100 гр брашно
- 50 гр масло
- 2 јајца
Подготовка
Пиперките се печат па се лупат, потоа се дробат ситно и се ставаат со ренданите домати да се пржат. Се додава брашното водата и млекото да зовријат и потоа се кршат 2 јајца. На крајот кога е готово се додава сирењето претходно издробено.