Салата сонце
Состојки
- состојки
- 1 поголем варен компр
- 1 конзерва туна
- 7-10 маслинки
- 2 кисели краставици
- 150 гр рендан кашкавал
- неколку лажици мајонез
- 3 варени јајца
- за декорација чипс , маслинки
Подготовка
Компирот се вари и ренда туната ја раситнуваме на парчиња и ја додаваме заедно со маслото маслинките и краставичките ги сецкаме на коцки кашкавалот го рендаме. Белката од јајцата ја сецкаме и додаваме кај преостанатите состојки, а жолчката ја оставаме за декорација. Додаваме малку мешан зачин ако е потребно и соединуваме со мајонез. Ја ставаме салатата во округла чинија и ја распоредуваме во круг, одозгора ја рендаме жолчката околу кругот го редиме чипсот, а од маслинките обележуваме очи уста и нос .