Сендвич лебчиња желки
Состојки
- состојки
- 50 мл јогурт
- 100 мл вода
- 2 лажици шеќер
- 0,5 лажица сол
- 10 гр квасец
- 3 лажици масло
- 1 јајце (белката во тестото, а жолчката за премачкување)
- по потреба брашно (околу 70-80гр)
- малку сусам
Подготовка
Во малку стоплен јогурт и шеќерот растворете го квасецот и оставете да надојде.
Во друг сад додадете го маслот, водата, белката од јајцето солта и надојдениот квасец постепено додадете го и брашното и замесете глатко тесто. Покријте со фолија или кујнска крпа и оставете да надојде тестото во двоен волумен.
Тестото поделете го на 4 дела. Од трите дела формирајте тела во вид на круг четвртиот дел развлечете го во змијовидна форма. За една желка се потребни 5 дела, 4 помали за нозе и 1 малку поголем за глава. Наместете ги исечените делови одозгра премачкајте ги со жолчката и оставете ги да се одмора 15 минути. Печете во претходно загреена релна на 180 степени.
Полнењето по ваш избор.