Испечати

Кифлиња со виршли

Кифлиња со виршли

Состојки

  • 1 пресен квасец
  • 800гр. брашно
  • 100мл. масло
  • 400мл. млеко
  • 1 лажиче сол
  • 2 јајца
  • виршли по потреба
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Квасецот го зафаќаме и го оставаме да надојди, а потоа го додаваме брашното, јајцата, маслото, солта и млекото и месиме средно меко тесто. Тестото го оставаме да надојди и киниме парчиња ги сучиме со раце (како врвка) и ги намотуваме околу виршлата. Така правиме дури има тесто и виршли.
Ги оставаме да надојдат ги мачкаме со јајце и печиме на 190 степени околу 30 мин.