Испечати

Солен куглоф (со киснето тесто)

Солен куглоф (со киснето тесто)

Состојки

  • 1 пресен квасец
  • 500гр. брашно
  • 2 јајца
  • 350гр. дробено сирење
  • 50 мл. масло
  • 200мл. јогурт
  • сусам за посипување одозгора

Подготовка

Најпрво го зафаќаме квасецот и оставаме да надојди. Кога ќе биди надојден го додаваме брашното, маслото, јајцата и јогуртот. Убаво мешаме и го додаваме и сирењето. Сместа што ќе ја добиете е погуста.
Ја истураме во намрсен калап за куглоф и оставаме да надојди.
Пред да се печи наросуваме сусам. Куглофот го печиме на 190 степени околу 30 минути.
Кога ќе се испечи оставаме малку да се излади и го превруваме на тацна.
На здравје!!!