Испечати

Баклава со вишнов шербет

Баклава со вишнов шербет

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • 30-40 гр маргарин
  • За шербет
  • 500 мл вода
  • 200 мл сок од вишни
  • 800 гр шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • За фил
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 3 лажици презла
  • 3 лажици сусам
  • 4-5 лажици кокос
  • 200 мл павлака
  • 30 мл масло за јадење
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр сечкани ореви
  • За прскање на корите
  • 40 мл масло за јадење
  • 100 мл вода

Подготовка

1. Сите состојки за филот се мешаат заедно и со оваа смеса се филуваат корите
2. Се редат корите по две и секоја од нив се попрскува со смесата од вода и масло за јадење
3. Врз втората кора се става од филот и се виткаат ролати
4. Се сечат ролатите на помали парчиња
5. Се става малку маргарин озгора, може парченца, а може и растопен маргарин
6. Се пече во загреана рерна на 200 Ц околу 20-30 мин
Шербет
1. Зоврива водата, сокот, шеќерот и ванилата и со овој шербет се полева баклавата