Видео рецепт: Бавно готвено Kари со свинско и пилешко
Состојки
- 250 гр. печурки
- 400 гр. свинско месо
- 400 гр. пилешки стек
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 1 конзерва (400гр.) кокосово млеко
- 1 коцка за супа
- 1 лажичка сенф
- кари, мајчина душичка
- 3-4 ловорови ливчиња
- брашно за валкање на месото
- 150 мл. вода
Денес ќе готвиме заедно со Светулка, готвач член на нашата веб-страница. Светулка ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Бавно готвено Kари со свинско и пилешко.
Кари е начин на подготовка на јадење карактеристичен за азиските земји. Овде ставивме свинско и пилешко месо со печурки и зеленчук, подготвено со зачини и кокосово млеко.
Подготовка
Чекор 1: Месото исечкајте го на коцки и извалкајте го во брашно.
Исечкајте ги и печурките, кромидот, морковот и лукот.
Чекор 2: На функцијата Grill (скара) потпржете го месото. Потоа додадете ги едно по едно, да се потпржат кромидот, морковот, печурките и лукот.
Додадете ги сенфот, зачините, коцката за супа, кокосовото млеко и водата.
Чекор 3: Гурмет пекачот вклучете го на опцијата Slow cook (бавно готвење) и оставете го да се готви околу 1 час и половина.
Чекор 4: Сервирајте го со варен ориз додека е топло.
СОВЕТ: Доколку досега не сте пробале месо готвено во млеко од кокос, ви препорачуваме да го подготвите овој рецепт. Нам многу ни се допадна!