Испечати

Свинско срце со печурки во бел сос

Свинско срце со печурки во бел сос

Состојки

  • 500гр свински срца
  • 200мл бело вино
  • 200гр печурки
  • 2-3 лажици маргарин
  • 1 лажиче зејтин
  • 2 лажици брашно
  • 1 филџан млеко
  • 1 лажиче сол, зачин,црн бибер

Подготовка

Срцата ги пропржуваме прво и потоа додаваме малку вода, вино, сол, зачин и бибер и ги оставаме да се динстаат на тивок оган.
Настрана го правиме сосот.
Маргаринот го топиме со зејтин, додаваме брашното и млекото и зачините.
Откако срцата ке бидат готови им се додаваат печурките да се запржат заедно со нив и го налеваме и сосот и мешаме сето заедно.