Грчки колачиња со мед
Состојки
- 3 јајца
- 150гр. шеќер
- 3 лажици мед
- 1 ванила
- 1 лажиче сода
- 800гр. брашно
- 100мл. масло
- глазура
- 3 лажици какао
- 50гр. маргарин
- 200мл. вода
- 100гр. шеќер
- за премачкување на колачињата
- мешан мармалад или каков имате
- 100гр. кокосово брашно
Подготовка
Од сите состојки замесуваме тесто и го оставаме да се одмори 15 минути. Потоа го месиме и земаме од тестото помали парчиња и секое парче го провлекуваме низ калап или ако немате направете топче со рацете и малку потоа издолжете го и со вилушка направете шари.
Колачињата печете ги на 180 степени малку колку да поруменат.
Ладни се мачкаат со мармаладот и се лепат по две и потоа до половина се мрцкаат во топлата глазура.на крај се мацкаат во кокос.