Запечени тортиљи
Состојки
- 3 тортиљи
- 250гр. рикота
- 5 суви домати во масло
- 150гр. свежи шампињони
- 80гр. тенки кругови чаен колбас
- 1 лажичка копар
- по потреба сол, црн бибер, маслиново масло
- За бешамел
- 250мл. млеко
- 20гр. путер
- 20гр. брашно
- малку сол и бибер
- Уште
- 50гр. кашкавал
Подготовка
Најпрвин подгответе го бешамелот.
Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи, додајте ги брашното и пропржете. Додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
Посолете и наросете малку црн бибер.
Во сад измешајте ја рикотата, потоа додајте ги сецканите суви домати и свежите печурки претходно пропржени на маслиново масло.
Посолете, наросете бибер и измешајте.
Тортиљите стоплете ги од двете страни.
Секоја тортиља премачкајте ја со бешамел и посипете од копарот.
На едната страна од секоја тортиља нанесете од полнењето, и ставете неколку парчиња од чајниот колбас.
Завиткајте ги како пирошки и ставете ги во сад за печење обложен со хартија.
Одозгора нанесете го преостанатиот бешамел и ренданиот кашкавал.
Печете ги на 200 степени, 10-15 минути.