Погачиња од лук и рузмарин
Состојки
- 1 + 1/4 шолја брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 чешниња лук
- 1/4 шолја маслиново масло
- 1/2 шолја топла вода
- сечкан рузмарин по ваш вкус
- прстофат сол
- сечкано луто пиперче (доколку сакате лута варијанта)
Подготовка
Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и додадете го маслото и топлата вода.
Исечкајте го лукот(или изгмечете го со алатка) и рузмаринот.Додадете и сол па замесете меко тесто.Расучете кора со дебелина од околу 1 см. и вадете форми со чаша.Печете на грил тава (може и на тостер),по 4-5 минути од секоја страна.
Препорачливо е да се јадат сеуште топли.