Kолач-шампита
Состојки
- 6 жолчки
- 9 лажици шеќер
- 9 лажици млеко
- 7 лажици зејтин
- 1 пециво
- 9 лажици брашно
- Шам
- 6 белки
- 6 филџанчиња (по 100мл) шеќер
- 1,5 филџан вода
Подготовка
Се двојат жолчките од белките и кон жолчките се додава шеќерот. Се мати убаво и се додаваат млекото, зејтинот, пецивото и брашното. Се меша целата смеса и се сипе во плех на хартија да се пече.
Шам
Водата се налева врз шеќерот и се става да зоврие. Доволно е да врие само 2 минути.
Белките се матат убаво во цврст снег. Полека од врелиот шербет се додава кон изматените белки и се мати со поголема брзина се додека се потроши целиот шербет.
Се добива цврст шам кој се нанесува врз оладениот колач. Одозгора може да се изренда чоколада а и не мора.
Едноставно,брзо и интересно колаче.