Маст од невен
Состојки
- 40 цветови од невен
- 250 гр свинска маст
Подготовка
Секоја година ја правам маста од невен, а плус тоа имам собрано и цветови за чај.
Свинската маст се става во сад и се става на рингла да зоврие. 40 цветови се ставаат во садот со маста и заедно на тивко се варат.
Се трга садот настрана и се остава да се олади 24 часа.
Другиот ден се зоврива пак маста заедно со цветовите и се цеди низ цедалка и се складира во пластичен зад. Се остава да олади.
Ако сакате маста да не мириса на ,,маст,, може да ставите неколку каранфилчиња или пак ванила. Се чува на студено место.
Оваа маст служи за мачкање на нозете за проширени вени, за рани, изгореници, воспаленија,отоци...Ја ја направив за мачкање за проширени вени.