Чоколадирани семафори
Состојки
- 100гр. чоколадо за готвење
- 3 лажици масло
- 3 пакетчиња мачмалоу
- 2 пакетчиња шарени бомбони
Подготовка
Прв пат ги направив за ланскиот роденден на син ми, за да ги почeсти другарчињата
на училиште и имаше многу насмевки дечињата беа многу среќни.
За овие семафори нема да ви треба многу време, а се многу едноставни за правење.
Секое парче мачмалоу потопете го во растопеното чоколадо заедно со маслото и по три парчиња ставајте на едно стапче и на секое парче ставете по едено шарено бомбонче.
Идеално за детски роденден.