Пржен мешан зеленчук
Состојки
- 2 големи компира
- 3 чешниња лук
- 100мл. бело вино
- 400гр. црвен сварен грав или од конзерва
- 1 голем морков
- 50гр. кромид
- 1 лажица доматно пире
- попотреба масло за јадење
- попотреба сол и црн пипер
- 1 лажичка сув мајоран
Подготовка
Предлог за пржен мешан зеленчук кој е доста миризлив и убаво оди со комбинација на салати и месо.
1. Излупете ги компирите, измијте ги, исечете ги и ставете ги во тава со една лажица масло за јадење заедно со 1 чешне лук. Пржете ги околу 20 минути на тивок оган, во поклопена тава и често мешајте ги. На крајот посолете ги.
2. Во меѓувреме во друга тава на оган на малку масло попржете ги морковот и кромидот исечени на мали коцки додека да омекнат. Потоа полијте ги со вино и додајте 2 чешниња лук сосе лушпа.
Додајте го доматното пире, посолете ги и оставете ги да се пржат неколку минути додека издинса виното. Пред малку да ги тргнете од оган додајте го сувиот мајоран.
3. Јас употребив црвен грав од конзерва, а вие може да употребите каков милувате.
Ако не употербувате од конзерва, варете го гравот 1 час откако сте го оставиле да остои во вода 12 часа. Посолете го на крајот од варењето.
4. Измешајте ги сите состојки во длабока чинија за сервирање и зачинете го со црн пипер.
Послужете го топло со салата, месо или како милувате.
Напомена
Ако вие го варите гравот кога ќе го мерите ставете само 100 гр. сув грав.