Похуван ослиќ со пиво

Состојки
- 1кг ослиќ или филети ослиќ
 - смеса за похување
 - 1 мал филџан брашно (100мл)
 - 1 лажица мешан зачин
 - 200мл пиво
 - 1/2 пециво
 - прстофат сол и лажичка црвен пипер
 - масло за пржење
 
Подготовка
Подготовка
 На рибата и ја остранувам кожата и ја сечам на парчиња.
 Во пивото го додавам брашното и сите останати состојки, пивото и матам додека не запени. Во смесата за похување ги ставам парчињата риба и ги пржам во загреано масло.
Овде мирисот на пржена риба не се чуствува, а рибата има посебен вкус.Послужувам со компир салата.
 Добар апетит!!!