Испечати

Солено рафаело

Солено рафаело

Состојки

  • 300 гр рендано (или ситно дробено) сирење
  • 100 мл кисела павлака
  • 100 гр толчени (ситно сецкани или крупно мелени) кикиритки
  • 150 гр ситно сецкана шунка или салама по избор
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 1 пак. ситен пармезан за посипување

Подготовка

Солено мезе кое совршено ќе се вклопи во гостинската трпеза.
Се она што требаше подетално да пишувам за секоја состојка поединечно, решив конкретно да го наведам во состојки, па така сега објаснувањето за подготовката можам да ја сведам во 2-3 реченици. Едноставно од наведените состојки, се добро измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер околу половина час (јас не ја оставив и директно ги направив, значи можи и така) и потоа обликувајте ситни бомбици кои ќе ги извалкате во ситен пармезан или пак ќе ги поставите во хартиени корпиња и потоа одозгора ќе ги поросите со него.