Перничиња
Состојки
- смеса за палачинки
- 3 јајца
- 1/2лажичка сол
- 500мл млеко
- 300гр брашно
- малку зејтин
- фил
- 150гр пилешко филе
- 150гр кашкавал
- 150гр кисели краставички
- 100гр маслинки
- 50гр сирење
- малку кечап и оригано
- 150гр лебни трошки
- 3 јајца
Подготовка
Oд состојките за палачинки подготвуваме смеса и печеме десетина палачинки.
Потоа го подготвуваме филот.
Сите состојки добро ги сецкаме и секоја палачинка ја полниме.
Формираме перничиња кои ги валкаме во јајца и презла.
Во тава за пржење ги пропржуваме од сите страни додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!