Домашен свеж зачин
Состојки
- 500 гр кромид
- 500 гр морков
- 500 гр свежи црвени пиперки
- 1 главица пашканат
- 1 главица целер
- 1 китка магданос
- 1 лајче нане
- 500 гр крупна сол
Подготовка
Ете решив да го споделам овој прекрасен рецепт за природен свеж зачин.
Се употребува наместо сув зачин.
Едноставен за спремање, а рокот е 1 год. Излегуваат од овие состојки 2 тегли од 850гр.И
Секогаш ќе имате готов зачин за супа,манџи, сосови...
Сите овие состојки се сецкаат во сецко. Ако немате сецко може да се исечка на ситни парчиња.
На крајот се додава крупната со и стои 24 часа. Потоа се собира во тегла и се чува на суво место. Јас ги чувам во фрижидер. Од ова во супа се става по 1 полна лажица.
Пријатно!