Испечати

Колач со рогач и јаболка

Колач со рогач и јаболка

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл млеко
  • 200 гр брашно
  • 100 мл масло
  • 4 јаболка
  • 100 гр мелен рогач
  • 1 пециво
  • 1 лајче цимет
  • 1 ванила
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот.
Се додаваат останатите состојки. Јаболките се рендаат и се додаваат заедно со рогачот. Се става во намастен плех бр.28 и се пече во загреана рерна на 200С-30мин.
Кога ќе олади се прелива со глазура од чоколадо топено на пареа со три лажици масло.
Колачот е сочен и вкусен. Пријатно!