Испечати

Мак коцки со јогурт

Мак коцки со јогурт

Состојки

  • 4 јајца
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши јогурт
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 100 гр мак (афион) не мелен
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

И овој рецепт ми е од мојата вредна пријателка Снеже. Секогаш ме изненадува со интересни колачи.

Се матат јајцата заедно со шеќерот.
Се додава маслото, јогуртот пецивото и брашното измешано со мак.
Се става во долг длабок плех 25 Х 15 см. Се печи во загреана релна на 200 С -25 мин.
За глазура се топи на пареа чоколадото со маслото.
Кога ќе олади се прелива со глазура.Пријатно!