Испечати

Супа со домашни кнедли

Супа со домашни кнедли

Состојки

  • 200гр мешан зеленчук(морков,целер,кромид,брокула)
  • 1/2 врзла магданос и листови целер
  • 2-3 копанчиња пилешки
  • 1 готова пролетна супа
  • за кнедли
  • 1 јајца
  • 50гр гриз(малку мешан зачин и бибер)

Подготовка

Подготовка
Копаните заедно со зеленчукот ставете ги во касерола налите вода да ги покрие сите состојки. Варете на тивок огин половина час.
Во меѓувреме скршете го јајцето и додадете му го гризот и мешаниот зачин. Може да додадете во гризот и малку магданос.
Смесата најубаво мешајте ја во чаша со вилушка додека не се изедначи.
Зеленчукот испасирајте го на копаните исчистете го месото и ситно исецкајте.Повторно почнете да варите доколку ви фали додадете жешка вода.Во супата ја сипуваме пролетната готова супа и со лажичка ги пуштаме кнедлите.Секој пат пред да земете со лажицата нова кнедла савете ја во врелата супа полесно се одлепуваат.Вариме уште десетина минути и на крајот го ставаме магдоносот и листовите целер.Добар апетит!!!