Салата со мали макарони
Состојки
- 500гр. макарони
- 300гр. сецкан кашкавал
- 300гр. сецкана шункова салама
- 200гр. рендано сирење
- 5 сецкани корнишони
- 3 тврдо варени јајца
- 200гр. кисела павлака
- 5 лажици мајонез
Подготовка
Често спремана салата кај нас дома и можам да кажам дека децата ја обожаваат.
Најпрво макароните ги вариме во вода во која сме додале 1 лажиче сол и малку масло. Кога ќе бидат сварени ги цедиме и ги додаваме сите состојки.
Убаво мешаме и на крај го додаваме и мајонезот. Брзо и вкусно,на здравје!!!