Испечати

Ролат со јагоди

Ролат со јагоди

Состојки

  • 1/2л млеко
  • 2 пудинг од ванила, шеќер по желба
  • 1/2 маргарин
  • 10-15 парчиња бискоти, колку да се покрие еден ред
  • 1 шлаг
  • 300гр јагоди

Подготовка

Подгответе го пудингот со млекото и шеќерот како секогаш што го правиме и оставете го да излади.Маргаринот го миксаме пенасто и го додаваме во изладениот пудинг.
Во калап обложен со фолија (најлон) ја истураме пола од смесата и врз неа ги редиме исецканите јагоди.
Го додаваме и останатиот дел од смесата и врз него ги редиме бискотите. Ставаме во фрижидер да се излади, потоа декорираме со јагоди и шлаг.