Чоколадирани јагоди
Состојки
- 500гр. свежи јагоди
- 100гр. црно чоколадо
- 100гр. бело чоколадо
- 6 лажици масло
Подготовка
Јагодите најпрво измијте ги и оставете ги убаво да се исушат.
Чоколадата стопете ги на пареа, секое чоколадо измешајте го со 3 лажици масло и оставете ги малку да се изладат.
Кога ќе бидат малку изладени секоја јагода макнувајте ја во кое сакате чоколадо, можи во секое посебно или да направите шари од двете наизменично.
На здравје !!!!