Лазањи со рагу сос
Состојки
- 1 паковање од 500гр. лазањи
- За Рагу сосот
- 4-6 лажици масло (маслиново или малку путер)
- 1 главица кромид
- 1-2 моркови
- малку целер
- по вкус сол
- 400-500гр. мелено месо
- по вкус мешан сув зеленчук
- по вкус црна пипер
- 1/2 чаша црвено вино
- 1/2 чаша вода
- 500гр. доматно пире
- 1-2 ловорови листа
- малку оригано
- малку босилек
- За Бешамел сосот
- 50гр. путер
- 5 лажици брашно
- 500мл. млеко
- по вкус сол
- по вкус црна пипер
- малку морско оревче
- Уште ни е потребно
- 3 чаши вода
- 1 коцка за телешки бујон
- За одозгора
- 300гр. кашкавал
- *Чашите се од по 200мл
Подготовка
На мрснотијата го пропржуваме ситно сецканиот кромид, ренданиот морков и ренданиот целер со малку сол. Го додаваме меленото месо, пропржуваме и зачинуваме со мешан сув зеленчук и црна пипер. По желба можи да додадиме и печурки. Потоа го додаваме црвеното вино и водата.Динстаме со оваа течност.Го додаваме и доматното пире.Продолжуваме да динстаме на тивко, со полуотворен капак и повремено промешување, додека сосот добие убава густина.На крај зачинуваме со оригано и босилек...
Го подготвуваме и Бешамелот
На мрснотијата го пропржуваме брашното со малку сол (внимаваме да не потемни) и го додаваме млекото, постојано мешаме и вариме на умерен оган додека сосот не добие густина на мајонез. Зачинуваме со црна пипер и морско оревче.
Во намрсена тава редиме еден ред лазањи (влегува скоро цела паковка) и од двата соса наизменично.Така 3 реда лазањи, а 2 реда од сосовите.
Се завршува со лазањи.
Се налеваат со телешкиот бујон (кој сме го подготвиле претходно, од зовриената вода и растворената коцка), колку да го покрие најгорниот ред лазањи, можи и цела течност да не влези. Се обликова тавата со фолија.
Одат во загреана рерна на 200 степени и тоа околу 30мин., па се се отвора фолијата, им се реди парчиња од кашкавалот, малку и оригано ( декоративно) и се враќаат во рерна додека се растопи и запечи кашкавалот, околу 10-на мин...
На здравје!!!