Полнети корпички со јагоди
Состојки
- Тесто за корпички
- 2 чаши брашно
- 1/5 чаша шеќер во прав
- 130гр путер
- 1 мала лажичка рендана кора од лимон
- 1 мала лажичка цимет или екстракт од ванила
- Фил од јагоди
- 150гр јагоди
- 2 голема лажица шеќер
- 1 мала лажица сок од портокал или овошен ликер
- 1 мала лажица сок од лимон
- 1 мала лажица екстракт од ванила
- 2 мали лажички пченкарно брашно
Подготовка
Прво се подготвува филот од јагоди.
1. Во тава се ставаат јагодите сецкани на коцки, се додава шеќер, сок од портокал, сок од лимон и екстрактот од ванила и се остава да врие неколку минути, додека да изврие течноста. Во чаша се раствара пченкаркото брашно со 1 мала лажичка вода и се додава во тавата со јагодите. Се остава на слабо да врие уште неколку минути, додека да се згусне. Се остава филот да се излади.
Додека се лади филот, ги подготвуваме корпичките.
Се пушта рерната да се загрее на 180 степени па се преминува на подготовка.
1. Сите состојки од тестото се мешаат и треба да се добие меко тесто што не се лепи. Ако ви е тврдо (мекоста зависи и од брашното) додадете 1-2 лаж вода.
Направете топчиња (околу 12 излегуваат), па потоа секое топче обликувајте во калап за мафини, следејќи ја формата на калапот. Во средината оставете празнина, која ќе ја наполнете со 1 лажица од филот од јагоди.
Обликуваните корпички наполнете ги со изладениот фил од јагоди и ставете во загреаната рерна. Се печи околу 20-30мин во зависност од дебелината на корпичките. Готови се кога тестото т.е корпичката ќе добие златна боја.
Оставете добро да се изладат, а потоа извадете ги од калапите и наросете по желба шеќер во прав/кокос/ мелени ореви.
Совет
Ако немате силиконски модли, ставете хартиени корпички во калапот за мафини бидејќи така полесно ќе ги извадете готовите корпички.
Големината на чашата користена за мерење е од 250мл.