Мармалад од мушмули
Состојки
- 2 кг мушмули
- 1 кг шекер
- 1 мало лажиче рум, или екстракт од ванила
- 300 мл вода
Подготовка
Мушмулите само ги лупиме, па заедно со шеќерот и водата ги ставаме во тенџере на оган да зовриат. При крајот го додаваме румот или ванилата по желба.
После некоја минутка го тргаме тенџерето од оган, и ги процедуваме низ цедалка.Откако ке ги исцедиме и ке добиеме прекрасна смеса, ја собираме во тегли.