Посни колачиња со мармалад и вино
Состојки
- 500гр брашно
- 4 филџани (120мл) зејтин
- 2 филџани бело вино
- 1/2 прашок за пециво
- 50 гр шеќер во прав
- 100гр. слатко или мармалад
Подготовка
Брашното, виното, зејтинот и прашокот за пециво заедно се мешаат со лажица.
Се прави мало топче и го расплескуваме на раката.
Во средината ставаме од слаткото (мармаладот) и го затвараме (како вреќичка).
Сите така направени колачиња ги ставаме во намрсен плех и печиме околу 20-30 мин. на 200 степени. Откако ќесе изладат и ги посипуваме со шеќер во прав.