Торта медено срце
Состојки
- 500гр вода
- 500гр шеќер
- 4 големи лажици мармалад
- 1 мал филџан (100мл) масло
- 3 чаши (од 200 гр) брашно
- 1 пакетче цимет (10 гр)
- 2 лажици сода бикарбона
- 5-6 лажици мармалад за премачкување
- За глазура
- 200гр чоколадо за готвење
- 6 лажици масло
Подготовка
Водата, шеќерот и мармаладот се мешаат со лажица колку да се растопи шеќерот.
Се додава филџанот зејтин и пак промешуваме.
Се додаваат 3 чаши брашно, 2 лажици сода бикарбона и 1 пакетче цимет.
Сето заедно се меша (со лажица) и се става во намрсена тава (бр.32)
Се пече 20-30 мин. на 200 степени.
Додека е топла се премачкува одозгора цела со мармалад и ја оставаме да излади.
Откако ќе се излади ја поливаме со глазура од 200гр растопено чоколадо за готвење со 6 лажици масло.