Испечати

Топено сирење со сусамки

Топено сирење со сусамки

Состојки

  • за топеното сирење
  • 500гр. фета сирење
  • 250гр. маринирани шампињони
  • 200гр. кашкавал
  • 4-5 лажици кечап
  • 1 лажичка оригано
  • за сусамките
  • 1/2 пресен квасец
  • 400гр. брашно
  • 5 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 100мл. млака вода
  • 50гр. сусам
  • 1 јајце

Подготовка

Започнуваме со подготовка на сусамките.
Квасецот, брашното, солта и маслото ги ставаме во еден сад и постепено ја додаваме водата.
Месиме убаво да добиеме изедначена смеса и од тестото сучиме кора дебела колку прстот.
Сечиме ленти и ги редиме во тавче во кое ќе ги печиме и ги оставаме 15 мин. Пред да ги печеме ги мачкаме со јајце и сусам. Печеме околу 15 мин.на 190 степени.

За подготовка на топеното сирење најпрво ги премачкуваме земјените садови со кечап и оригано и започнуваме со редење.
Прво ставме сирење, потоа пак кечап, печурки, оригано и сирење уште еден ред.
Завршуваме со рендан кашкавал и сирењето го печиме 10 мин. на 200 степени.