Испечати

Колач со праски, кокос и афион

Колач со праски, кокос и афион

Состојки

  • 1,5 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша компот од праски
  • 1/2 чаша слатко од праски
  • 50гр кокос
  • 50гр афион
  • 1 пециво

Подготовка

Сувите состојки се мешаат во подлабок сад.
Убаво се соединуваат и се додава компотот и половина чаша сецкани праски од слатко.
Ако немате компот заменете со сок од праски. Смесата убаво се меша и се истура во калап 28 да се пече.
Одкако ќе се испече се премачкува со шербет од слаткото и се поросува со кокос.
Ова е многу брз, едноставен, посен колач со преубав вкус.