Спанаќ салата
Состојки
- 2 китки свеж спанаќ
- 1/2 китка магдонос
- 1 китка млад кромид
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лимон
Подготовка
Спанаќот убаво го миеме и го оставаме да се исцеди убаво. Го посолуваме и оставаме 2-3 минути па пак го цедиме. Го сецкаме на лентички и го помешуваме со ситно сецканиот млад кромид. Додаваме магдонос, маслиново масло и бибер. Промешуваме убаво и го додаваме сокот од еден лимон.
Салатата е готова.
Забелешка.
Оваа салата треба да се јаде веднаш.
На здравје