Пилешко со карамелизирани портокали
Состојки
- 400гр. пилешки гради
- 1 младо кромидче
- 1 филџан(од 130мл) топло млеко
- 1 кесичка(0,1г) шафран
- 3 лажици соја сос
- малку рендан свеж ѓумбир
- 2 лажици брашно
- по потреба сол, црн бибер
- по потреба маслиново масло, топла вода
- Други состојки
- 2 портокали
- 2-3 лажици шеќер
- сок од пола портокал
- на врв на лажиче мелено каранфилче
Подготовка
Пилешкото месо исечете го на коцки.
Посолете и наросете црн бибер. Измешајте да ги прими зачините.
Потоа посипете го со брашното и пак измешајте.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее, па додајте го малдото кромидче исечено на кругови.
Кратко пропржете и додајте ги парчињата месо.
Пржете додека месото ја промени бојата.
Во топлото млеко растворете го шафранот и додајте го во тавата.
Додајте го соја сосот и малку рендан ѓумбир.
Оставете го месото да се готви на тивок оган, со повремено додавање на топла вода.
Во друга тава на оган ставете го шеќерот и сокот од исцеден портокал.
Откако малку ќе се згусти додајте ги парчињата портокал.
Додајте мелено каранфилче и на тивок оган оставете да се карамелизира, а потоа послужете ги со пилешкото месо.