Испечати

Печени јаболка

Печени јаболка

Состојки

  • 6 парчина јаболка
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 3 лажици сецкани ореви
  • 3 лажици сецкани бадеми
  • 3 лажици сецкани урми
  • 3 лажици суво грозје
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица путер
  • 5 лажици бело вино
  • 1 лажичка цимет
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка

Измиете ги убаво јаболката, не ги лупете, само полека отстранете ја шишката и семенките од јаболкото без да го поделите на половина, отстранете го и делот од цветот.
Потоа во еден сад измешајте ги сувото грозје, оревите, бадемите, урмите, шеќерот, медот, кората од лимон, циметот, путерот и ванилата и со оваа смеса наполнете ги јаболката.
Земете тава и во неа налијте го виното, ставете ги јаболката и печете на 200 степени околу 25 минути. Кога ќе се испечат можете да ги украсите со шлаг, топено чоколадо или само со шеќер.
На здравје.