Испечати

Пилешки батак со карабатак на скара

Пилешки батак со карабатак на скара

Состојки

  • 4 пилешки батаци со карабатаци (или по потреба)
  • 1 лажица мешан сушен зачин
  • масло колку да се намачка месото

Подготовка

Сакам пилешко месо, ама за на скара го сакам баш овој дел од пилето, карабатак со батак.
Месото го замаме и со остар нож го расекуваме покрај коската по должина. Внимателно ја отстрануваме коската од месото со рака и со помош на ножето. Ќе ни остане само месо, со кожата. Зачинуваме со каков зачин сакаме и печеме на скара. Откако ќе се испече месото од двете страни, сервираме сочно и вкусно пилешко мевце.