Брз и лесен американски колач со моркови и мармалад
Состојки
- Тесто
- 4 јајца
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 3 чаши рендани моркови
- 1 чаша масло
- 1 чаша сечкани ореви
- 1 пециво
- 1 ванила
- 5 лажици мармалад од сливи
Подготовка
1. Шеќерот се мати со јајцата како за пандишпан и потоа му се додава другиот материјал.
Сето убаво се промешува и се става во подмачкан и со брашно посипан плех. Се печи на 250С-35мин
2. Оладениот колач се премачкува со мармалад и се посипува со мелени ореви. Пријатно!