Миризливи посни колачи
Состојки
- Тесто
- 350-500 гр брашно
- 250 гр маргарин
- 6 лажици шеќер во прав
- 2 лажици мастика,узо,анасон...
- 1 ванила,кора од лимон
- 100 гр мелени ореви,бадеми или лешници
- 50 мл масло
Подготовка
1. Од сите состојки се замесува тесто. Се прават околу 35 топчиња или се сука кора и се вадат со чаша (како што ги направив јас). Се ставаат на намрснет плех и се печат 20-25мин на 180С.
2. Додека се уште жешки се валкаат во шеќер во прав. Јас ги украсував со ролај-ајсинг
Ројал - ајсинг(200гр шеќер во прав и половина лимон)се меша со вилушка и се шараат колачите.