Испечати

Полнети тиквички

Полнети тиквички

Состојки

  • 4 тиквички
  • 300 гр мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 2 моркова
  • 100гр ориз
  • зачини ,зејтин
  • вода (да се покрие)
  • 1 кафена лажичка црвен пипер

Подготовка

Најпрво го дробиме кромидот на ситно, а морковот го ренадаме.
Потоа на малку зејтин се пржи да зарумени се додава месото и оризот се крчка десетина минути. Се додава црвениот пипер и се зачинува и се трга на страна.

Тиквичките се лупат и се сечат на 2 или 3 дела во зависност од глемината. Се вади мекиот дел од средината и се редат во тенџере, потоа се полнат со филот и се налева вода да се покријат и се додава малку зејтин во водата. Се ставаат во рерна на тивко да крчкаат. Се сервира со кисело млеко.