Едноставна посна погача
Состојки
- 1 свеж квасец
- 2 чаши млака вода
- 1 филџан масло
- 1 лажица сол
- 1 лајче шеќер
- 1 чаша сечкани маслинки
- 1 чаша сечкани кисели моркови
- 100гр сончоглед чистен
- 100 гр ленено семе
- 50 гр сусам за во тесто +50гр за одозгора врз тесто
- 100 гр овесни снегулки
- брашно по потреба да се замеси
Подготовка
Оваа погача ми ја кажа мојата пријателка Снеже. Превкусна, лесна, едноставна и убава за јадење и за гледање. Во неа нема масло значи е супер нешто за време во постите. Едноставно се става се што се има во фрижидерот.
1. Сите состојки се мешаат со дрвена лажица во длабок сад. Се остава да надојде тестото.
2. Пак се меша со дрвената лажица (значи тестото не може да се меси со рака туку се меша со лажица како за мекиците). Се истура врз набрашнет длабок плех величина 25Х30 см. Пак се остава да надојде и се посипува со сусам.
3. Се печи во загреана релна на 250С/30мин.
4. Не мора да се ставаат овие сите состојки. Може да се заменат со краставички, пиперки кисели, се што има во фрижидерот што останало.