Испечати

Најбрзи мини пици

Најбрзи мини пици

Состојки

  • 4 парчина тост леб
  • 2-3 лажици омекнат путер
  • 2-3 лажици кечап
  • 1 лажица оригано
  • 100гр. рендан кашкавал
  • 50гр. сецкана чајна
  • 4 парчина млад кромид

Подготовка

Лепчињата ги мачкаме со путерот но малку оставаме и за подоцна. Ги стваме во микробранова, но кратко колку да омекнат за да можиме да ги свиткаме.
Потоа ги премачкуваме со кечап и оригано и ставаме од кашкавалот и чајната. Ги виткаме, ги мачкаме со останатиот путер и ги врзуваме со младиот кромид (со зелениот дел). Ги печиме 10 мин.на 170 степени.
Ако сакате ставете друг фил во лепчињата.