Колач Црнец (без јајца)
Состојки
- Тесто
- 540мл. јогурт
- 400гр. брашно
- 200гр. шеќер
- 1/2 лажиче сода
- 1 пециво
- 100мл. масло
- 30гр. чоколадно какао
- Прелив
- 200мл. млеко
- 120гр. шеќер
- 100гр. путер
- 150гр. црно чоколадо
- Декорација
- 1 шлаг крем од чоколадо
Подготовка
Можеби ќе ви биде смешно името на рецептот како што и јас се смеев кога првпат го видов, но црнецот е навистина убав.
Започнуваме со мешање на сите состојки, но не со миксер туку со жица за матење. Кога ќе добиеме убава смеса ја тураме во намрсен калап и печиме на 180 степени околу 30 мин.
Кога ќе биди печен го вадиме од рерна и уште млак го натураме со млак (преходно сварен) шербет од млекото, 120гр шеќер, путерот и црното чоколадо.
Украсуваме со шлаг крем од чоколадо.