Ќофтиња со компир и брашно
Состојки
- 500 грама мелено месо
- 1 јајце
- 1 филџан брашно
- 1филџан масло
- 1 филџан вода
- 1 прашак за пециво
- 1 компир
- 1 кромид
- 1-2 главче лук
- зачини по желба
Подготовка
Во сад го ставаме меленото месо и ги додаваме една по една другите состојки, кромидот, кромпирот и лукот се рендаат на ситната страна од рендето и тие се додаваат во садот, се убаво зачинуваме по желба со сол, вегета и бибер.(се добива средно течна смеса). Од смесата со лажица земаме и пржиме во претходно загреано тавче со масло. Оставаме добро да се испржат од едната страна пред да ги превртиме од другата.