Милиброд за Велигден
Состојки
- 800гр. брашно
- 200гр. шеќер
- 450мл. млако млеко
- 1 свеж квасец(40гр)
- 1/2 растопен путер(125 гр.)
- 4 жолчки
- 1 кесичка махлеп
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки, освен путерот. Кога ќе се измеси се додава растопениот путер во неколку наврати, убаво да го впие.
Се остава да стаса.
Се премесува пак и повторно се остава да стасува.
Кога ќе стаса вториот пат не се меси, туку веднаш се кине од тестото и се оформуваат ролати филувани со мармалад, нутела или нешто друго или пак плетенки и други форми.
Се оставаат да стасуваат, се премачкуваат со јајце и се печат прво на 220Ц, а откако ќе заруменат и нараснат се намалува на 180Ц и се допекуваат (да истиштат).