Испечати

Интегрален леб со ѓумбир

Интегрален леб со ѓумбир

Состојки

  • 8 лажици интегрално ржано брашно
  • 8 лажици интегрално пченично брашно
  • 1 рамна лажица сода бикарбона
  • 1 рамна лажица сол
  • 1 рамна лажица сув, мелен ѓумбир
  • 1 сув квасец
  • 2 лажици мешани семки (лен, сончоглед, тиква, сусам)
  • 450-500 мл млака вода

Подготовка

Се мешаат сувите состојки и се додава водата. Бидејќи тестото е многу меко, не може да се меси со раце, па се меша со лажица.
Се остава да стаса, еднаш или два пати, зависи колку имате време.
Се пече на 180 степени, 45 минути. Лебот е мек и вкусен