Шумски јајца
Состојки
- 4 варени јајца
- 50гр. мајонез
- 100гр. павлака
- 2-3 лажици сенф
- 1 лажичка лук во прав
- 1 парче домат
Подготовка
Кога ќе ви останат јајца од Велигден можите да ги искористите и на ваков начин.
Жолчките ги вадиме од јацата, внимателно прво го сечиме секое јајце и сите жолчки ги пасираме со вилушка и ги додаваме состојките и потоа така измешани ги полниме јајцата.На крај секое јајце го покриваме со парче домат украсено со точки од мајонез.